KASPERSKY ПРОДАЖНА МРЕЖА | ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ | КАРИЕРА  
 

Alcatel-Lucent
ALCATEL-LUCENT
Alcatel-Lucent обезбедува решенија кои им овозможуваат на сервис-провајдерите, корпорациите и владините институции да обезбедат говорна, податочна и видеокомуникација за крајните корисници.  Како лидер во фиксната и мобилната комуникација, конвергентните широкопојасни мрежи, IP-технологии, апликации и услуги, Alcatel-Lucent овозможува интегрирани решенија наменети за луѓе кои работат од дома, во канцеларија или се во постојано движење.

Alcatel-Lucent во целост ги разбира потребите на малите и средни компании и корпорациите и располага со капацитет да обезбеди интегрирани и целосни комуникациски решенија кои би ги задоволиле нивните потреби. Со испорака на 17-милионитиот корисник преку својот водечки производ Alcatel-Lucent OmniPCX™ Office, Alcatel-Lucent е препознаен како лидер на пазарот на мали и средни компании, а преку својот

призвод Alcatel-Lucent OmniPCX™ Enterprise-комуникацискиот сервер претставува синоним за безбедна и навремена комуникација со ненадмината достапност и стабилност од 99.999 %.

Alcatel-Lucent OpenTouch-палетата овозможува ненадминато ниво на функционалност, колаборација и мобилност, достапни преку широкопојасни и мобилни мрежи. Ваквиот тип решенија овозможува контрола на трошоците, безбедноста и функционалностите кои се во функција на корисниците. Alcatel-Lucent е посветен како на малите и средни компании, така и на корпорациите, и претставува докажан лидер и двигател на пазарот преку Alcatel-Lucent OpenTouch-палетата.
За повеќе информации контактирајте нé на alcatel-lucent@kabtel.com.mk

Разгледај ги Alcatel-Lucent производите

Податочни
Говорни
Wlan