KASPERSKY ПРОДАЖНА МРЕЖА | ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ | КАРИЕРА  
 

Cyberoam

CYBEROAM

FIREWALL ОД СЛЕДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА

Мобилизацијата на работната сила нè доведува до потребата за пристап на мрежните ресурси отсекаде. Ова, заедно со константното зголемување на обемот на клиенти и партнери кои се конектираат на мрежата однадвор, доведува до деперимеритизација на корпоративната мрежа. Покрај ова, и самиот тренд на зголемување на бројот на корисници и уреди, огромниот број апликации, виртуелизацијата и слично, се причина за губењето на безбедносната контрола на целосната корпоративна мрежа.

Cyberoam firewall од следната генерација со патентираната технологија Layer 8-заштита базирана на идентитет нуди интелигентна контрола на корпоративната мрежа која е спремна да одговори на денешните предизвици.

web_content

КОНТАКТИРАЈ НÈ



Порака

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА:

(t) 02/310 3230
(e) cyberoam@kabtel.com.mk
(w) www.kabtel.mk
*бесплатен тест период од 15 дена за хардверскит уреди и 30 дена за
виртуелна машина.

Firewall
Cyberoam Firewall од следната генерација се базирани врз оперативниот систем CyberoamOS заедно со интелигентен и моќен хардвер кој ги нуди сите функции на безбедносен уред од следната генерација, вклучувајќи внатрешна инспекција и контрола, филтрирање на интернет-страници, ХТТПС-инспекција (HTTPS), заштита од напади, VPN (IPSec SSL), како и приоретизирање на сообраќајот и негово менаџирање, додатни функции, како филтрирање на ниво на апликација, антивирусна заштита на периметар и антиспам заштита.

IPS
Напредна мрежна безбедност – Cyberoam нуди напредна мрежна безбедност и неговите функции овозможуваат континуитет на бизнисот, поголема достапност, повисок мрежен сообраќај, рапидна мрежна експанзија сè со цел како одговор на глобалниот тренд во делот на безбедноста и во склоп со последните безбедносни трендови и норми.

VPN
Функционалноста на VPN Cyberoam нуди сертифициран IPSecVPN како и SSL VPN на самиот безбедносен уред, заради добивање на лесно менаџиран пристап однадвор со високо ниво на флексибилност во бизнисот, намалувајќи ги оперативните трошоци вклучени во инсталација на специјално наменети VPN-уреди.

Anti-virus
Антивирусните функционалности како периметарска заштита овозможуваат сите корисници во внатрешната мрежа да бидат заштитени од последните закани како вируси или скрипти со каква било несакана содржина додека безбедно се работи на интернет.

Web and Content Filtering
Веб и содржинско филтрирање за секој корисник ја дава можноста да се архивира активноста на секој корисник во внатрешната мрежа, со можност сите непосакувани интернет-страници да останат блокирани цело време, давајќи им приоритет на одделни круцијални апликации потребни за бизнисот. Постои автоматска временски базирана полиса за автоматско отворање на блокираните интернет-страници во одредено време, како на пример по работното време или за време на работните паузи.

Application Filtering
Филтрирање на апликациите со цел да се блокираат непосакуваните апликации на ниво на протокол, дури и ако корисникот користи некои други порти што се различни од стандардно користените 80 и 443.

Anti-Spam
Антиспам (внатрешна–надворешна) заштита за секој уред, му нуди на корисникот инбокс без несакана пошта во спам, зголемувајќи ја неговата продуктивност, давајќи му повеќе време да се фокусира на примарни работни обврски без растроеност од несаканите пораки во спам мејлови. Оваа заштита работи во двете насоки, од внатре кон надвор (внатрешна), за секој корисник што праќа мејлови и од надвор кон внатре (надворешна), за сите пристигнати мејлови од надворешната (интернет) страна.

On-appliance
Извештаи на самиот уред, давајќи во детали и во вистинско време витални информации од секој корисник, како посетувани интернет-страници (сајтови), мејл сообраќај, отворени порти и користени апликации, блокирани напади и обиди за напади, како и блокиран малвер или вирус за секој корисник што се наоѓа во внатрешната мрежа со можност за експортирање на извештаи во формати како pdf, xls или html.

IPv6 Ready
IPv6 спремно и согласно со глобаните трендови на мигрирање на IPv6.

Wireless Security
Бебедност на уредите без оглед на типот и видот на уредот што се наоѓа позади самиот огнен ѕид.

Support for 3G/4G/WiMax
Поддршка за уредите 3G/4G/WiMax со можност за споделување на интернет-пристап од УСБ интернет-стикче на која било оддалечена локација.

MLM
MLM е активен диркеториум, кој овозможува интеграција давајќи лесна администрација и синхронизирање во вистинско време со постојниот АД сервер.

IM archiving and control
ИМ архивирање и контрола за различни видови клиенти како yahoo и msn, месинџер, давајќи можност да се пријатавт и снимаат разговорите помеѓу вработените.

Bandwidth mgt/QoS
Менаџмет на интернет-сообраќајот со квалитет на услуги, давајќи можност да се приоретизира сообраќајот за критични бизнис апликации и да се намали приоритетот на несакани интернет-страници, како на пр. социјалните мрежи.

WAF
Веб апликацискиот огнен ѕид (Firewall) има способност да го заштити секој сервер што е достапен од надворeшната мрежа со посебен потпис што го штити корисникот.

За повеќе информации контактирајте нé на: cyberoam@kabtel.com.mk