KASPERSKY ПРОДАЖНА МРЕЖА | ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ | КАРИЕРА  
 

Kaspersky Lab производи

Kaspersky Security for Home

Kaspersky Free

FREE AND FAST PROTECTION – FOR YOU AND YOUR PC

Functionalities:

  • Blocks dangerous files, sites & more
  • Protects your personal information
  • Secures – without slowing you down
Choose your protection level

Kaspersky Safe Kids

Новата мулти-платформа Kaspersky Safe Kids им помага на родителите да создадат и да преговараат за нови безбедни начини преку кои нивните деца може да го истражуваат дигиталниот свет.

Функционалности:

  • Мониторинг на комуникациите

    Овозможува следење на комуникациите на децата, вклучувајќи ги и јавните активности на Фејсбук, повиците и СМС-пораките на андроидните уреди.

  • Заштита од ризиците на интернет

    Помага да се насочат децата, така што тие ќе имаат пристап до одредени типови на веб-страници, содржини и апликации соодветни за нивната возраст.

  • Потврда за локацијата на која се наоѓа детето

    На мапа ја покажува локацијата на детето и во реално време праќа нотификации, доколку ја напушти безбедната зона што Вие ќе ја дефинирате.

  • Управување со „времето поминато на уредот“

    Му помага на детето при користење на веб-страници и уреди, со што лесно го насочува како да управува со своето време.

Kaspersky Anti Virus

Антивирусен софтвер –кој овозможува безбедност на Вашиот компјутер и Вашите лични податоци од малициозен софтвер

Со повеќе од 200.000 дневни малициозни програми,од круцијално значење е дека Вашиот компјутер и Вашите лични податоци во него треба да бидат заштитени од вируси и се поактуелниот сајбер-криминал. Во исто време, за Вас е потребно безбедносно решение кое е лесно за употреба и не ги забавува перформансите на Вашиот компјутер.

Kaspersky Anti-Virus Ви ги овозможува суштинските антивирусни технологии за Вашиот компјутер со real-time, cloud-assisted-заштита од најновите малициозни закани. Работи во позадина со интелигентни и фреквентни ажурирања, проактивно го штити Вашиот компјутер од сè поизразените здружени малициозни закани.

Kaspersky Anti-Virus претставува основа на безбедноста за Вашиот компјутер со:

  • Advanced Antivirus – заштита од компјутерски вируси, црви, тројанци, руткитс, спајвери и повеќе
  • Real-Time Protection – се користи веб web-assisted technology која Ве штити од најновите малициознио закани
  • Instant Safety Checks – на едноставен начин се врши проверка на датотеки,апликаци веб-страници

Kaspersky Internet Security

Internet security софтвер — кој овозможува заштита на Вашиот компјутер, Вашите податоци и Вашиот идентитет

Сè поактуелното онлајн-купување, електронско банкарство, социјално вмрежување го зголеми растот на веб-базирани апликации, а придонесе и за соодветен раст на вируси и комплексни интернет-закани кои сè полесно може да ја загрозат безбедноста на Вашиот компјутер и на Вашите лични податоци.

Kaspersky Internet Security претставува комбинација од огромен спектар ригорозни веб-безбедни технологии кои Ве заштитуваат од сите видови малициозен софтвер и интернет-базирани закани, вклучувајќи ги компјутерските криминалци кои се обидуваат да ги украдат Вашите пари или Вашиот идентитет. Kaspersky Lab Ви овозможува безбедност со минимално влијание на перформансите на Вашиот компјутер. Вашиот компјутер и Вашите скапоцени податоци во него се чуваат безбедно од:

  • Anti-Malware заштита — заштита во реално време од компјутерски вируси и интернет-закани
  • Интернет заштита — ги заштитува Вашите лични податоци и Вашите пари кога вршите електронско банкарство, интернет-купување или пак сурфате
  • Заштита на личниот идентитет — овозможена со виртуелната тастатура Касперски и безбедните технологии
  • Anti-Phishing заштита — ги оневозможува компјутерските криминалци да ги преземат Вашите лични податоци
  • Напредна родителска контрола — Вашите деца се безбедни додека сурфаат на интернет

Kaspersky Internet Security ја обезбедува целата заштита која ја нуди Kaspersky Anti-Virus ... плус многу повеќе иновативни софистицирани технологии кои Ве штитат од заканите на интернет.

Kaspersky Total Security – Multi-Device

Ултимативна компјутерска заштита за Вашиот дом

За ултимативно безбедно решение за Вашиот компјутер, изберете Kaspersky Total Security – Multi-Device. Тоа Ви овозможува сè што е потребно за да го заштитите Вашиот компјутер, вклучувајќи го Вашиот дигитален идентитет, Вашите податоци, слики, музика и персонални лозинки, од последните софистицирани интернет-закани. Со посебни специфични карактеристики, овој производ Ви овозможува дополнителна заштита кога купувате онлајн или пак вршите електронско банкарство. Kaspersky Total Security – Multi-Device исто така ги чува Вашите пари и Вашите сметки од компјутерски криминал.

Kaspersky Internet Security for Android

Заштита за Андроид – заштита за Вашиот уред, Вашите податоци и Вашиот идентитет

Кога станува збор за вируси, интернет-закани, крадци на идентитетот, крадците се обидуваат да ги украдат банкарските податоци или податоците од Вашата кредитна картичка ‒ вашиот Смартфон или Таблет се ранливи исто како и Вашиот компјутер. Исто така, денешните мобилни апарати многу лесно може да ги изгубиме или пак да бидат украдени, така што тоа претставува уште поголем ризик дека Вашите лични податоци може да завршат во погрешни раце.

Kaspersky Internet Security за Android ги овозможува последните мобилни безбедносни технологии на Kaspersky Lab’s – вклучувајки супериорна антикрадлива технологија и Андроид Антивирус. Едноставен е за употреба, единствено решение кое е оптимизирано да ги заштити и Андроид-телефоните и Андрод-таблетите од интернет-закани со минимално влијание на перформансите на уредите.

Ги чува Вашите податоци и Вашиот идентитет со:

  • Anti-malware Protection – вклучувајќи ги последните Андроид-антивирусни технологии
  • Web Protection – заштита од интернет-базирани напади и phishing веб
  • Anti-Theft Protection – овозможен далечински пристап до Вашиот исчезнат смартфон
  • Privacy Protection – контрола на податоци коишто другите може да ги видат на Вашиот телефон
  • Advanced Parental Control – овозможува Вашите деца да бидат безбедни кога се на интернет

Kaspersky Security for MAC

Mac security – го штити Вашиот Mac, Вашите податоци… и Вашите деца

Со сè поголемата употреба на Mac и другите Apple-уреди, сè поголем е и растот на Mac malware, какои бројот на коммпјутерските криминалци кои ги напаѓаат Mac-корисниците – со цел да ги украдат нивните податоци, идентитет и пари. Изборот на едноставно антивирусно решение не е доволно за да ги заштити Вашите осетливи информации.

Со неговата едноставна употреба, Mac-style интерфејс, Kaspersky Internet Security за Mac е оптимизирано решение кое овозможува заштита во реално време.

Бидете сигурни дека Вашиот Mac, Вашите податоци и Вашите деца се безбедни со:

  • Anti-malware Protection – вклучена заштита во реално време од Mac-закани и компјутерски закани
  • Internet Protection – ги штити Вашите податоци кога сте на интернет или вршите електронско банкарство
  • Identity Protection – овозможена од виртуелната тастатура Kaspersky
  • Advanced Parental Control – овозможува Вашите деца да бидат безбедни кога се на интернет

Kaspersky Security for Business

Kaspersky Endpoint Security for Business - Select

Подетална заштита на Вашиот бизнис… неговите податоци… репутација
Kaspersky’s anti-malware-технологијата Ви овозможува повеќеслојна одбрана за заштита на Вашиот систем и осетливите бизнис-податоци од денешните сè пософистицирани закани. Со комбинирана проактивна cloud-технологија, плус специјалните функции ‒ Network Attack Blocker и two-way firewall – Kaspersky Endpoint Security for Business SELECT прави многу повеќе за да го зачува Вашиот бизнис.

Го спречува ширењето на малициозниот софтвер преку заеднички простор
Една инфицирана датотека на некој од Вашите сервери има голем потенцијал да влијае на сите компјутери во Вашата корпоративна мрежа – што значително ја нарушува Вашата бизнис-продуктивност. Kaspersky Endpoint Security for Business SELECT вклучува суштински anti-malware за сервери – ги штити серверите кои работат на Microsoft Windows, Linux и Novell NetWare од малициозни закани.

Овозможен мобилен пристап и безбедна BYOD
Мултифункционалната мобилна технологија Ви помага да го заштите Вашиот бизнис од безбедносен ризик со овозможен мобилен пристап до Вашиот корпоративен систем. Kaspersky Endpoint Security for Business SELECT Ви овозможува намалување на трошоците, а зголемување на продуктивноста во работењето,бидејќи Вие ја мониторирате Вашата мрежа преку мобилен уред.

Заштеда на време и пари – едноставно мобилно управување
Со интегрирана мобилна сигурност и мобилен уред за управување (MDM) Kaspersky Endpoint Security for Business SELECT Ви овозможува да видите како мобилните уреди пристапуваат до Вашиот бизнис-систем. Во моментот кога ќе се појави мобилен уред во Вашата мрежа, видлив за Вашите администратори ‒ тие веднаш може да управуваат со безбедноста на уредот при што уредот ќе се поврзе во Вашиот систем.

Моќна алатка за контрола која Ви помага во Вашите безбедносни политики
Kaspersky’s Application Control, Device Control и Web Control технологиите овозможуваат многу подлабоко ниво на одбрана на Вашите податоци и систем, па така Вашиот ИТ-тим може лесно да ги контролира апликациите кои работат, колку вработени користат интернет и преносни уреди. Kaspersky Endpoint Security for Business SELECT Ви помага да ги спроведете корпоративните безбедносни политики.

Приспособување на Вашата ИТ-безбедност според Вашите потреби
Доколку е потребно да додадете дополнителна безбедност на Вашето ИТ-опкружување, Kaspersky’s Targeted Security Solutions технологии кои може да се надополнат со Вашиот Kaspersky Endpoint Security for Business SELECT. Можете да одберете заштита на електронската пошта, виртуелизација, интернет-портали...

Исто така, доколку одберете билокое Бизнис решение, ќе бидете во можност да ја управувате со целосната Kaspersky заштита преку единствената интегрирана менаџмент конзола - Kaspersky Security Center.

Kaspersky Endpoint Security for Business - Advanced

Бидејќи малициозните софтвери стануваат сè пософистицирани, традиционалната заштита веќе не е доволна да овозможи соодветна заштита. Kaspersky Endpoint Security for Business ADVANCED Ви овозможува технологии за безбедност од широк спектар за длабинска и детална заштита. Anti-malware камен-темелник на Вашата одбрана
Kaspersky Endpoint Security for Business ADVANCED ги вклучува најновите Kaspersky Lab’s anti-malware технологии кои се комбинација од потпис базирани и веб заштити – за ефикасно мулти ниво на одбрана. Со автоматски ажурирања од cloud-based Kaspersky Security Network, Kaspersky Ви овозможува брз одговор на новите закани.

Превенција од експлоатација на ранливоста на Вашиот систем
Компјутерскиот криминал сè повеќе ги користи слабостите на оперативните системи со цел да ги нападнат корпоративните системи и да ги украдат податоците и парите. Спосбностите на Kaspersky’s vulnerability scanning и patch management овозможуваат централизирана контрола за рано откривање на слабостите на оперативните системи и апликациите Kaspersky Endpoint Security for Business ADVANCED има голема улога за елиминирање на компјутерските криминалци кои имаат за цел искористување на слабостите во рамките на Вашиот систем.

Енкрипција на чувствителни податоци – ја чува приватноста на Вашите бизнис-податоци
Со својот енкрипциски алгоритам, технологијата за енкрипција на податоци Касперски помага да се заштитат Вашите осетливи бизнис-податоци и информации, секако и Вашата бизнис-репутација. За разлика од многу други производи за енкрипција кои тешко може да се распоредат и имаат одвоена конзола за управување, технологиите за енкрипција Касперски може да се контролираат од истата конзола за управување со која се управуваат останатите Касперски продукти.

Управување на системот – зголемување на ефикасноста 
Како што ИТ-мрежата станува сè покомплексна, управувањето станува сè потешко и исто така одзема многу повеќе време. Kaspersky Endpoint Security for Business ADVANCED ги поедноставува задачите ‒ конфигурација, распределба и решавање на проблеми.

Овозможува полесно поставување на ИТ-безбедносни политики 
Application Control, Device Control и Web Control му овозможуваат на Вашиот ИТ-тим грануларна контрола кои апликации може да работат во Вашиот систем,кои ИТ-ресурси може да се користат, како и на кои вработени им е дозволен пристап на интернет или пак користење на пренослив уред.

Подготвени за заштита и управување 
Kaspersky Endpoint Security for Business ADVANCED е преконфигуриран за да Ви помогне да го контролирате и управувате Вашиот систем веднаш штом е инсталиран. Покрај тоа, бидејќи ова решение има Kaspersky Security Center – унифицирана конзола за управување – Вашиот ИТ-тим може брзо да воведе безбедносни политики за управување.

Безбедност која може да одговори на Вашите специфични барања 
Секогаш кога Ви е потребно да го надоградите Вашиот систем со дополнителни безбедносни решенија, едноставно додадете Kaspersky Targeted Solution кое Ви овозможува виртуелизација, интернет-портали ....За ултимативно безбедносно решение изберете Kaspersky TOTAL Security for Business.

Исто така, доколку одберете билокое Бизнис решение, ќе бидете во можност да ја управувате со целосната Kaspersky заштита преку единствената интегрирана менаџмент конзола - Kaspersky Security Center.

Kaspersky Total Security for Business

За бизнисите кои имаат потреба од светските безбедносни технологии за заштита на секој јазол во својата ИТ-мрежа, Kaspersky TOTAL Ви овозможува сеопфатно бизнис-решение.

Anti-malware
Kaspersky е широко признат по својата ригорозна anti-malware технологија. Последните anti-malware Ви овозможуваат комбинација од потпис-базирани, проактивни и cloud-assisted технологии со кои Вашиот бизнис многу подобро се справува од познати и нови здружени закани.

Безбедност за серверите
Иако еден уред за складирање на податоци нуди многу предности во работењето, присуството на само еден инфициран податок може да се прошири низ целата корпоративна мрежа. Kaspersky TOTAL Ви овозможува заштита со anti-malware технологија со цел заштита на Вашиот бизнис.

Заштита на Вашите осетливи бизнис-информации – дури и на изгубените уреди
Постојат безброј случаи на изгубен лаптоп, мобилен уред или пренослив уред, што предизвикува проток на доверливи бизнис-информации. Финансиските пенали како и губењето на угледот може да доведе до катастрофални последици за Вашиот бизнис. Kaspersky TOTAL Security for Business вклучува моќна технологија за енкрипција така што губењето на некој уред е малку веројатно дека ќе доведе до сериозни штети врз Вашиот бизнис.

Спречување на хакерски напади ... поголема контрола на Вашиот ИТ-тим
Со Application Control, Device Control и Web Control, Вашиот ИТ-тим лесно може да управува на кои апликации им е дозволено да работат во Вашата мрежа, на кои уреди им е дозволен пристап во Вашиот систем и на кои вработени им е дозволен пристап на интернет.

Заштита на Вашата корпоративна е-пошта
Kaspersky TOTAL Security for Business овозможува anti-malwareи anti-spam заштита за Мail сервери лесна за управување. Со цел обезбедување на ефикасно и оптимизирано скенирање за вируси, Kaspersky овозможува интелигентен spam filtering – со цел да ги елиминира опасните spam е-пошти и да го редуцира сообраќајот во Вашата корпоративна мрежа.

Побезбеден интернет-пристап
Kaspersky TOTAL Security for Business вклучува anti-malware, софтвер кој го заштитува веб-сообраќајот кој се одвива низ најпопуларните Windows или Linux-базирани интернет-портали. Со автоматизирано отстранување на малициозните програми, Kaspersky Ви овозможува безбеден интернет-пристап, а воедно и поголема продуктивност на вработените.

Безбедна соработка – за поголема продуктивност
Kaspersky TOTAL Security for Business вклучува anti-malware заштита за SharePoint-платформи – обезбедување висока стапка на детекција и флексибилно известување.

Исто така, доколку одберете билокое Бизнис решение, ќе бидете во можност да ја управувате со целосната Kaspersky заштита преку единствената интегрирана менаџмент конзола - Kaspersky Security Center.

Kaspersky Small Office Security

Kaspersky Small Office Security

Kaspersky Small Office Security е производ дизајниран исклучиво за малите бизниси. Тоа овозможува висока технологија за заштита на компјутери и сервери која е едноставна и брза за инсталација и конфигурација. Со овој производ Вие може да ја управувате целокупната мрежна безбедност само од еден компјутер кој ги извршува сите задачи за заштита на Вашиот бизнис и вашите доверливи информации.

Kaspersky Small Office Security води грижа за заштита на Вашата мрежа додека Вие се грижите за Вашиот бизнис.