KASPERSKY ПРОДАЖНА МРЕЖА | ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ | КАРИЕРА  
 

Privacy policy

Privacy policy
Кабтел ја почитува Вашата приватност и оваа Политика за заштита на приватноста ја објаснува нашата пракса, вклучувајќи го начинот на кој ги собираме личните податоци и како истите ги користиме. Со ваше оставање на лични податоци преку овој веб сајт, се согласувате дека истите можеме да ги користиме на начин опишен во овој Правилник за заштита на приватност.

1. Кои лични податоци ги собираме?

Можете да го посетите веб-сајтот на Кабтел без да оставите Ваши лични податоци. Сепак постојат околности кога е потребно да ги оставите своите лични податоци. Единствено Ваша е одлуката дали ќе ги оставите Вашите лични податоци. Собраните ваши лични податоци се такви какви вие ќе ги оставите на местата каде е потребно, и се однесуваат наинформации за вашето име и презиме, електронска пошта и телефонски број. За да се избегне забуна, ние нема да собираме "Посебни категории на лични податоци" (дефинирано со Законот за заштита на личните податоци) со користење на веб-сајтот.

2. Зошто ги собираме личните податоци?

Постојат многу причини зошто ги прибираме, чуваме и користиме Вашите лични податоци, како што се следниве:
  • За подобрување на нашите маркетиншки и промотивни активности, како и за подобрување на содржината и услугите кои се наоѓаат на веб-сајтот;
  • За подобро да ги разбереме вашите потреби и како можеме да ги подобриме нашите производи и услуги за вас;
  • За спроведување на наградни игри, доделување на награди и промотивни понуди;
  • Реализација наистражувањаза одредени производи и услуги;
  • За обезбедување на најнови информации за нашите најнови производи, услуги или предупредувања (ако одберете да добивате вакви информации).
Имате право во секое време да побарате вашите лични податоци да престанат да се користат за маркетинг-цели. Во овој случај, ве молиме контактирајте нè на електронската пошта info@kabtel.com.mk, и со тоа ќе престанеме со обработување на вашите лични податоци за оваа намена.

3. Анонимни информации

Исто така, ние можеме автоматски да собираме технички информации од кои неможе да бидете идентификувани кога го посетувате веб-сајтот. Еден пример е името на доменот на веб страницата од која сте се поврзале со веб-сајт. Тие информации ги собираме за да ни помогнат во идентификување на преференциите на клиентите во врска со пребарувањето. Информациите ќе се користат за внатрешни цели. Анонимни или генерички информации од кои не може да се идентификуваат лични податоци се исклучени од одредбите на овој Правилник за заштита на приватност.

4. Обезбедување на лични податоци надвор од Кабтел

Вашите лични податоци нема да се делат со трети лица без Ваша согласност, освен во следниве околности:
  • кога личните податоци треба да бидат дадени во преддоговорите со трети страни или нашите професионални советници за да се олесни спроведувањето на каков било договор што сте го направиле или да им се овозможи исполнување на условите од некој натпревар, добивање на награди или други промотивни активности кои бараат посебен пристап.
  • кога со закон е пропишано обезбедување на лични податоци.
Во иднина, ако Кабтел се продаде, можеме вашите лични податоци да ги предадеме на купувачот за да може да продолжи да се грижи за вашите потреби. Кој било купувач ќе мора да го почитува овој Правилник за заштита на приватност.

5. Безбедност на личните информации

Правиме максимални напори и ги спроведуваме сите потребни технички и организациски мерки за да ги заштитиме вашите лични податоци од неовластен пристап, употреба, модификација или незаконско уништување.

Го лимитираме пристапот до вашите лични податоци, така што само оние вработени на кои им треба пристап до вашите лични информации за целите наведени во членот 2 на овој член имаат право да таквиот пристап.

6. "Cookies"

Кога ќе го посетите веб-сајт, може да биде испратен cookie на вашиот компјутер. Cookie е мал фајл зачуван на вашиот хард диск кога ќе пристапите до веб-сајтот. Употребата на cookies е да ни помогне да разбереме кои делови од веб-сајт се најпопуларните, од кои страници посетителите пристапуваат и колку време тие поминуваат на нив. Со анализа на овие податоци подобро ќе се прилагоди веб-сајтот со барањата на клиентите.

Кога веб-сајт е дизајниран да работи со колачиња, оневозможувањето на нив може да влијае на вашата употреба на веб-сајтот.

7. Малолетници

Ги советуваме сите родители да ги учат своите деца за безбедно и одговорно користење на нивните лични податоци при користење на Интернет.

8. Промени

Оваа Политика на приватност може во секое време да се промени без претходна најава.

9. Линкови до други веб-страници

Нашиот веб сајт содржи линкови до други интернет сајтови кои не се управувани од страна на Кабтел. Иако се обидуваме да се поврзаме со веб сајтови кои исто како и нас максимално посветуваат внимание на безбедност на личните податоци, сепак не сме одговорни за нивното менаџирање и затоа одбиваме било каква одговорност поврзана со тоа.