Zentyal

Едноставна за употреба и прифатлива ИТ-инфраструктура

Изворна компатибилност со Microsoft актив директориум и Microsoft Exchange сервер.

Zentyal овозможува управување на целокупната ИТ-инфраструктура на малите и средни компании, од сервер до клауд, преку едноставен графички интерфејс. Zentyal решенијата се изворно компатибилни со Microsoft активен директориум и Microsoft Exchange сервер, овозможувајќи миграција на постоечките системи на едноставен и транспарентен начин.

Централизираното управување на корисниците и групите, независно од мрежните сервиси или локацијата на различните канцеларии овозможува значителна заштеда во време и придонесува да се избегнат грешки при конфигурирање, гарантирајќи максимална системска достапност.

Zentyal-решенијата се специјално дизајнирани да одговорат на потребите на малите и средни компании и нивните локални ИТ-провајдери.

Во средина со рапиден пораст на ИТ-услуги, а ограничен буџет, Zentyal-базираните решенија се крајно кункурентни од причина што ги овозможуваат сите неопходни функционалности, а притоа побаруваат малку време за нивна имплементација и одржување.

За повеќе информации контактирајте нé на: zentyal@kabtel.com.mk

Пошта и колаборациски сервер

  • Пошта, календар, контакти
  • Синхронизација со мобилни уреди
  • Инстантни пораки
  • Изворна компатибилност со Microsoft Exchange

Канцелариски сервер

  • LDAP-директориум
  • Компатибилност со Microsoft актив директориум
  • Поддршка за полиси на групи од објекти и организациони единици
  • Размена на документи и домејн-сервиси
  • Делење печатач
  • Заштита и поврат на податоци

Мрежна инфраструктура

  • DHCP, DNS & NTP сервер
  • Сертификационо тело
  • Web и FTP-сервер
  • Управување со непрекинато напојување

Гејтвеј и заштита од напади

  • Конфигурирачки мрежни интерфејси
  • Напреден фајарвол и рутирање
  • Квалитет на сообраќај
  • Напреден HTTP-прокси
  • Каптивен портал и RADIUS
  • Виртуелни приватни мрежи
  • Заштита од напади
  • Филтер на поштата
ПОЧЕТНА | ПАРТНЕРИ | WE MAKE IT WORK | KASPERSKY МРЕЖА | ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ | ЕДУКАЦИЈА | КОНТАКТ
Copyright © KABTEL Co., Ltd. 2001-2018. Сите права се задржани.